• среда, 25 декември 2024

УЕФА: Ериксен е во стабилна состојба, репрезентациите бараат натпреварот да продолжи

УЕФА: Ериксен е во стабилна состојба, репрезентациите бараат натпреварот да продолжи
Копенхаген, 12 јуни 2021 (МИА) – УЕФА соопшти вечерва дека здравствената состојба на Кристијан Ериксен е стабилизирана и данскиот репрезентативец е хоспитализиран, откако колабираше на теренот во финишот на првото полувреме на натпреварот против Финска во Копенхаген во рамки на ЕУРО2020. „Кристијан Ериксен дише и е контактибилен. Тој е во свесна состојба“, изјави неговиот агент Мартин Шуц. Како што е соопштено, претставници на данската и финската репрезентација и организаторите на натпреварот на Копенхаген вечерва одржале состанок и побарале натпреварот вечерва да се доигра. Прво ке се доиграат пет минути од првото полувреме , а по пауза од пет минути да се одигра и второто, потврди УЕФА. Првиот човек на ЕУФА, Александар Чеферин, на Твитер напиша „ моментите како овие на животот му даваат друга перспектива. Му посакувам на Кристијан целосно и брзо заздравување и се молам за неговото семејство да има сила и верба. Во овие времиња задништвото на фудбалското семејство е толку силно и што на неговото семејство му посакуваат добри желби и молитви. Слушнав од фановите од двата тима како го изговараат неговото име. Фудбалот е прекрасен а Кристијан го игра прекрасно“. УЕФА претходно соопшти дека натпреварот меѓу Данска и Финска е прекинат, а официјалниот спикер на стадионот „Паркен“ ги повика навивачите да останат на своите места, бидејќи постои можност натпреварот да биде доигран вечерва. Ериксен колабираше на теренот пред крајот на првото полувреме и по десетминутна реанимација беше изнесен на носилки.ег/сд/

Остани поврзан