• среда, 25 декември 2024

УЕФА дозволи Евро 2020 да се одржи во една земја

УЕФА дозволи Евро 2020 да се одржи во една земја
Нион, 2 ноември 2020 (МИА) – Европската фудбалска федерација дозволи намалување на бројот на градови домаќини на Евро 2020. Француското издание на „Ле Паризиен“ пишува дека поради пандемијата на коронавирус, турнирот може да се одржи не во 11 земји, туку во една.
  • Сегашниот план е домаќини да бидат 11 земји, точно како што беше планирано, но морам да кажам дека во опција се и осум, пет или една земја, изјави претставник на УЕФА.
Евро 2020 требаше да се одржи минатото лето, но поради пандемијата беше одложено за 2021 година. Во моментов, се планира да се одржи во 12 градови од 11 европски земји од 11 јуни до 11 јули. зс/

Остани поврзан