• понеделник, 24 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

УЕФА го претстави дизајнот на топката за финалето на Лигата на шампионите

УЕФА го претстави дизајнот на топката за финалето на Лигата на шампионите

Нион, 10 февруари 2025 (МИА) - Официјалната веб-страница на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) ја претстави топката што ќе се користи во плејофот од Лигата на шампионите, вклучувајќи го и финалниот натпревар.

Топката содржи бели ѕвезди на позадината на златно-зелени шестоаголници, кои ги симболизираат покривите и зградите на Минхен. Внатре во шестоаголниците има графички елементи посветени на познатите знаменитости на Баварија.

Забележано е дека новата површина на топчињата обезбедува зголемена прецизност, а иновативното јадро „гарантира брза и прецизна игра со максимално зачувување на формата.

Плејоф рундата ќе започне на 11 февруари, а финалето на турнирот ќе се одржи на 31 мај во Минхен. зс/

Фото: УЕФА

Остани поврзан