• среда, 18 декември 2024

УЕФА го потврди новиот формат на Лигата на шампиони, измени и во Лига Европа и Конференциската лига

УЕФА го потврди новиот формат на Лигата на шампиони, измени и во Лига Европа и Конференциската лига
  Виена, 10 мај 2022 (МИА) – По исцрпни консултации со инволвираните страни, Извршниот комитет на УЕФА денеска во Виена ги одобри промените во составот на фудбалската Лига на шампиони (ЛШ) од сезоната 2024/25. Новиот формат на ЛШ ќе се игра по таканаречениот „швајцарски модел“ со 36 место досегашните 32 екипи. Најголема промена ќе биде трансформацијата од фазата по групи во фаза на една лига вклучувајќи ги сите 36 екипи. Иако се најавуваше дека учесниците со новиот формат ќе имаат загарантирано по десет натпревари, одлучено е секој клуб да игра по осум натпревари, по четири на домашен и на гостински терен. Екипите потоа врз основа на бројот на освоени бодови ќе бидат рангирани од 1. до 36. место. Осумте најдобри екипи ќе обезбедат директен пласман во осминафиналето, додека осумте други осминафиналисти, од екипите пласирани од 9. до 24. место, ќе бидат познати преку плејоф. Слични промени на форматот ќе се применат и во УЕФА Лига Европа и УЕФА Конференциската лига, а во двете натпреварувања во лига системот ќе учествуваат по 36 екипи. ег/

Остани поврзан