• вторник, 03 декември 2024

Удинезе го отпушти тренерот, преговара со Канаваро

Удинезе го отпушти тренерот, преговара со Канаваро

 

Удине, 22 април 2024 (МИА) – Калчолигашот Удинезе објави денеска дека ја прекинува соработката со тренерот Габриеле Чофи, кој според италијанските медиуми би можел да биде заменет со Фабио Канаваро.

„Удинезе соопштува дека го разреши од должноста тренерот на првиот тим Габриеле Чофи“, се вели во краткото соопштение за медиумите на клубот

Чофи седна на клупата на местото на Андреа Сотил на крајот на октомври и под негово водство Удинезе освои само четири првенствени победи и во моментов е на 17 место на табелата.

По петочниот пораз од директниот конкурент во битката за опстанок, Верона (0-1), Удинезе има ист број бодови како и Фросиноне, кој е во зината на испаѓање, но со натпревар помалку. Натпреварот против Рома, кој беше прекинат на неполни 20 минути до крајот при резултат 1-1, откако дефанзивецот на Рома, Еван Ндика колабираше на теренот, ќе биде доигран в четврток.

Според италијанските медиуми, Удинезе веќе извесно време преговара со Канаваро (50), кој поголемиот дел од својата тренерска кариера го помина во Кина. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан