• петок, 27 декември 2024

Угинати животни во затворените продавници за миленичиња во Пакистан

Угинати животни во затворените продавници за миленичиња во Пакистан
Исламабад, 7 април 2020 (МИА) - Стотици мачки, кучиња и зајаци се пронајдени мртви на пазарите за миленичиња во Пакистан, кои беа затворени откако најголемите градови во државата беа блокирани поради пандемијата на коронавирус. Како што пренесуваат странските агенции, со подемот на пандемијата, големите градови во Пакистан беа блокирани, принудувајќи да се затворат многу продавници. Само тие што продаваат основни производи, како храна и лекови, имаа дозвола продолжат да работат. Поради тоа, сопствениците на продавниците за миленичина беа принудени да затворат, оставајќи ги внатре животните без светлина и вентилација. Многумина од нив ризикувале и во текот на ноќта оделе да ги хранат животните. Ајша Чундигар, која раководи со Центарот за спасување животни, бара од властите да дозволат сопствениците на продавници за миленичиња и нејзината екипа да имаат  дневен пристап до животните. паг/  

Остани поврзан