• четврток, 26 декември 2024

Уганда: 11 години затвор за убиец на редок вид горила

Уганда: 11 години затвор за убиец на редок вид горила
Лондон, 30 јули 2020 (МИА) - Човек од Уганда убил мажјак од редок вид планински горила, па за тој чин е осуден на 11 години затвор. Според Би-Би-Си, Феликс Бјамукама се изјаснил виновен за неовластено влегување во заштитено подрачје на национален парк и за убивање на горилата по име Рафики. Бјамукама влегол во националниот парк со уште три лица заради лов на други, помали животни. Сепак, тој тврди дека го убил горилата во самоодбрана. По изрекувањето на казната, од телото одговорно за заштита на дивиот свет на Уганда, сметаат дека „правдата за Рафики е задоволена“, како што се истакнува во соопштението. Горилата, кој бил своевидна туристичка атракција, исчезнал на 1 јуни, а телото му било пронајдено следниот ден. Животното е убиено со остар предмет. си/ми/

Остани поврзан