• сабота, 09 ноември 2024

Уганда им забрани на граѓаните да се идентификуваат како членови на ЛГБТ популацијата

Уганда им забрани на граѓаните да се идентификуваат како членови на ЛГБТ популацијата

Кампала, 22 март 2023 (МИА) - Парламентот на Уганда усвои закон со кој им забранува на граѓаните да се идентификуваат како членови на ЛГБТ популацијата. Законот беше усвоен доцна синоќа со поддршка од речиси сите присутни пратеници.

Нацрт-законот останува да биде потпишан од претседателот, кој може да стави вето, но во неодамнешниот говор предложи дека го поддржува законот, обвинувајќи ги неименуваните западни држави дека „се обидуваат да ги наметнат своите практики на други луѓе“.

Освен истополовите врски, законот забранува промовирање и поддршка на хомосексуалноста, како и „заговор“ заради впуштање во хомосексуални односи. паг/

Остани поврзан