• четврток, 26 декември 2024

Увозните цени на кокс и рафинирани нафтени производи пониски за 6.9 % на месечно, а повисоки за 85.8 % на годишно ниво

Увозните цени на кокс и рафинирани нафтени производи пониски за 6.9 % на месечно, а повисоки за 85.8 % на годишно ниво
Скопје, 10 октомври 2022 (МИА) - Според податоците на Државниот завод за статистика, во август 2022 година, увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи се пониски за 6.9 % на месечно ниво и повисоки за 85.8 % на годишно ниво.
Индексите на увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците направени од градежните претпријатија при изведувањето на процесот на изградба. Главни корисници на податоците за индексите на увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи се градежните претпријатија, кои се повикуваат на движењето на трошоците од овој оддел во калкулациите при склучувањето на градежните договори, соопшти ДЗС.са/дма/

Остани поврзан