• вторник, 24 декември 2024

Убиство во тетовско Боговиње

Убиство во тетовско Боговиње

Тетово, 2 јуни 2024 (МИА) - Маж на 47 години е убиен во тетовско Боговиње, а според првична информација на полицијата како осомничен е приведен 50 годишник од истото место. Осомничениот е приведен во Тетово.

- Во 10.30 часот на улица „Цветaн Димов" во Тетово полициски службеници го лишиле од слобода М.М.(50) од тетовско Боговиње, кoј бил со патничко возило „бмв" со тетовски регистарски ознаки. Тој се сомничи дека околу 10:15 часот во угостителски објект во село Боговиње со огнено оружје го усмртил А.Џ.(47) од истото село, со кого имале претходно меѓусебно нетрпение. При преглед на  возилото е пронајдена и одземена една автоматска пушка. Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка,информира СВР Тетово.

Јавен обвинител и полициски службеници на местото на настанот, вршат увид. ас/ир

 

Фото: МИА архива

Остани поврзан