• четврток, 26 декември 2024

Убиецот на Џон Ленон ѝ се извини на Јоко Оно

Убиецот на Џон Ленон ѝ се извини на Јоко Оно
Лос Анџелес, 22 септември 2020 (МИА) - Убиецот на Џон Ленон, Марк Дејвид Чепмен, по 40 години од убиството, ѝ се извини на Јоко Оно - вдовицата на славниот член на групата „Битлс“. На Чепмен (65) пред скоро еден месец по 11-ти пат му беше одбиено барањето за условно пуштање од затвор. Тој издржува доживотна казна и ќе остане зад решетки уште најмалку две години, кога повторно ќе има право да бара условно ослободување. Според записниците од последното сослушување, тој пред судските власти изјавил дека го извршил убиството поради слава за себе. - Сакам да го додадам и да го нагласам тоа. Тоа беше крајно себичен чин. Жалам за болката што ѝ ја нанесов нејзе (на Оно). Постојано мислам на тоа, вели Чепмен. Тој го уби Ленон со пиштол на 8 декември 1980 година пред зградата Дакота во Њујорк. си/сд/

Остани поврзан