• среда, 18 декември 2024

Убиен судија пред судот во Акапулко

Убиен судија пред судот во Акапулко

Мексико Сити, 12 декември 2024 (МИА) – Претседателот на Високиот суд во мексиканската држава Гереро, Едмунд Роман Пинзон, е убиен откако вооружени напаѓачи отвориле оган врз него пред судската зграда во градот Акапулко.

Судијата бил погоден со најмалку четири куршуми додека го напуштал паркингот во судницата во средата попладне по локално време.

Полицијата сослушала сведоци и собрала снимки од камерите за надзор од местото на убиството, но засега никој не е уапсен во врска со случајот, јави Би-Би-Си. јт/

Фото: Х

Остани поврзан