• среда, 25 декември 2024

Убиен најмалку еден полицаец на протестите на приврзаниците на Имран Кан во Исламабад

Убиен најмалку еден полицаец на протестите на приврзаниците на Имран Кан во Исламабад

Исламабад, 25 ноември 2024 (МИА) - Најмалку еден полицаец загина, а десетици се ранети од двете страни кога приврзаниците на затворениот поранешен премиер Имран Кан денеска се судрија со безбедносните сили пред пакистанската престолнина Исламабад, објавија владата и партијата на Кан.

Властите воведоа безбедносна блокада во изминатите два дена за да ги спречат демонстрантите, кои Кан ги повика да маршираат до парламентот и да одржат демонстрации за да побараат негово ослободување, додека автопатите што водат во градот се блокирани.

Владата употреби бродски контејнери за блокирање на главните патишта и улици во Исламабад, повеќето од нив засилени со патроли на голем контингент на полициски и паравоени сили во опрема за немири.

Официјални лица објавија дека целиот јавен превоз меѓу градовите и терминалите во источната провинција Пенџаб е прекинат за да се спречат демонстрантите, предводени од членовите на партијата на Кан, пакистански Терек-е-Инсаф (ПТИ).

„Нема да дозволиме да го нападнат главниот град“, рече провинциската министерка за информации Узма Бухари, додавајќи дека околу 80 приврзаници на Кан се уапсени.

Кан беше сменет од власта во 2022 година откако дојде до судир со пакистанската војска и се соочува со обвиненија од корупција до поттикнување насилство, што тој и неговата партија ги негираат. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан