• вторник, 24 декември 2024

Убиен демонстрант на собир во Багдад за поддршка на убиените продемократски активисти

Убиен демонстрант на собир во Багдад за поддршка на убиените продемократски активисти
Багдад, 25 мај 2021 (МИА) - Еден демонстрант денеска беше убиен на протестот во Багдад организиран со барање одговорност за убијците на продемократските активисти, соопшти полицијата и извор од болницата. Од фрлени предмети во судирите меѓу демонстрантите и полицијата повредени се 13 демонстранти и петмина припадници на безбедносните сили, изјави извор од болницата. Илјадници Ирачани од цела земја денеска демонстрираа во Багдад, барајќи извршителите на убиствата на продемократски активисти да бидат изведени пред лицето на правдата и казнети за да не се повторат ваквите злосторства. Демонстрантите се собраа на трите главни плоштади во главниот град: Тахрир, Фердаус и Ал Носур, опкружени со голем број полицајци, осудувајќи го неодамнешниот скок на бројот на убиства на критички настроени активисти и новинари. -Безбедносните сили употребија боева муниција за да ја растераат толпата, откако  демонстрантите почнаа да фрлаат со камења, изјавија очевидци и ирачки официјални лица Претходно, полицијата употреби солзавец за да ги растера демонстрантите, кои одговорија со фрлање камења кон полицијата, а некои и со тули. сд/

Остани поврзан