• четврток, 26 декември 2024

Убер го намалува бројот на патници на три, возачите треба да направат селфи

Убер го намалува бројот на патници на три, возачите треба да направат селфи
Њујорк, 14 мај 2020 (МИА) – Убер денеска претстави нови мерки за безбедност за „новите нормални околности“, како на пример носење заштитни маски, кои се задолжителни за возачите и патниците низ целиот свет. Компанијата од понеделник ќе побара од возачите и од секој што го користи овој вид на превоз со возач во САД, Канада, Мексико, Европа и повеќето земји од Латинска Америка и Азија, да носат прекривка за лице, а патниците да седат во задниот дел. Компанијата исто така ќе го намали бројот на дозволени клиенти од четири на три. Непочитувањето на мерките може да доведе до деактивирање на апликацијата и за возачот и за патниците, соопшти компанијата. За да можат да примат корисници, возачите мора да направат селфи и апликацијата нема да им дозволи да работат ако нивната опрема не е целосна. Возачите исто така не смеат да имаат никакви симптоми на коронавирус и мора да потврдат дека го дезинфицирале возилото. Тие можат ако сакаат да постават заштитна бариера меѓу предниот и задниот дел од автомобилот. - Возачите и корисниците кои ги кршат правилата за носење маски би можеле да ја загубат можноста да користат Убер, нагласи компанијата. јт/

Остани поврзан