• четврток, 12 февруари 2026

Убедлив триумф на ТФТ за враќање на првата позиција на табелата

Убедлив триумф на ТФТ за враќање на првата позиција на табелата

Скопје, 6.февруари 2026 (МИА) – Кошаркарите на ТФТ ја постигнаа 13.та победа во МТЕЛ Супер лигата откако денеска во последниот натпревар од 14.коло го совладаа градскиот ривал Чаир 2030 со 111:91 (28:22; 31:32; 28:23 и 24:14). Со овој триумф ТФТ се врати на првата позиција на табелата.

Првиот дел мина во знакот на домашната екипа, но и фактот дека двете екипи играа ефикасно – 59:54. Во третиот период гостинската екипа поведе со 74:41, но тогаш домашната екипа направи серија од 20-3 за водство од 91:77 и со тоа ја навести победата.

Кај победничката екипа Џастин Гордон беше најефикасен со 25 поени, а се истакна и Никола Василевски со 10 асистенции.

ТФТ е лидер на табелата со 27 бодови, еден повеќе од МЗТ Скопје Аеродром, а Пелистер е трет со 24. мн/

Натпреварот се играше денеска поради обврските на ТФТ во средата во АБА 2 лигата.

Фото: МКФ

Остани поврзан