• четврток, 26 декември 2024

Уапсен Шпанец, кој намерно заразил 22 лица со Ковид-19

Уапсен Шпанец, кој намерно заразил 22 лица со Ковид-19
Мадрид, 24 април 2021 (МИА) - Шпанската полициија уапси жител на Мајорка под обвинение дека заразил 22 лица со Ковид-19. Тој криел дека е инфициран и продолжил да оди на работа и во теретана. Полицијата почна истрага кон крајот на јануари по зголемувањето на бројот на лица заразени со коронавирусот во градот Манакор и информациите дека еден заразен работник ја крие својата болест. Според неговите колеги тој и покрај што имал треска одел на работа и намерно ја вадел маската додека кашлал, а и изјавил дека сака да ги зарази сите околу него. Упасениот заразил петмина колеги, кои потоа инфицирале членови на нивните семејства, вклучително и три бебиња. Мажот заразил и некои луѓе во теретана, кои подоцна го пренеле вирусот на нивните најблиски. ми/

Остани поврзан