• среда, 25 декември 2024

Уапсен шефот на Обвинителството на округот Валона

Уапсен шефот на Обвинителството на округот Валона

Тирана, 29 јули 2024 (МИА) - По налог на Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, СПАК, уапсен е првиот човек на Обвинителството во албанскиот приморски град Валона, Аурел Зарка, како и три други лица.

-Покрај Зарка,  уапсени се  Е. Даупај, магистрантка на Високата школа за судии, поранешна службеничка на правосудната полиција во обвинителството за тешки кривични дела и истражител во Националното биро за истраги, адвокатот Р. Чела и лицето А. Влади, кои се осомничени за  злоупотреба на должноста во врска со кривични постапки, објавија албанските медиуми.

Анализата на апликацијата Sky Ecc открила дека овие лица таму комуницирале во врска со кривични постапки. Зарка бил корисник на четири кодови на оваа апликација преку која се разговарало за услуги и кривични дела, за кои обвинителите ги документирале улогите на инволвираните.

Сега уапсениот шеф на Обвинителството на округот Валона, на оваа функција бил избран 9 мај 2022 година, откако претходно успешно го поминал процесот на проверка- ветинг. вт/паг/

 

Остани поврзан