• сабота, 28 декември 2024

Уапсен поранешниот надбискуп на Хонг Конг

Уапсен поранешниот надбискуп на Хонг Конг
Хонг Конг, 11 мај 2022 (МИА) - Поранешниот надбискуп на Хонг Хонг, кардиналот Џозеф Зен денеска е уапсен под сомнение дека тајно соработувал со странски сили за загрозување на националната безбедност на Кина. Покрај кардиналот Зен, уапсени се и пејачката Дениз Хо, адвокатката Маргаерт Нг и научникот Хуи По-кунг. Сите уапсени учествуваа во работата на Фондот за правна помош на учесниците во продемократските протести во 2019 година. Фондот згасна минатата година. Апсењата уследија по неодамнешниот избор на поранешниот секретар за безбедност Џон Ли за нов шеф на администрацијата на Хонг Конг. Вишиот истражувач на Хјуман Рајтс Воч, Маја Ванг  изјави дека апсењето на кардиналот Зен за мирни активности е „шокантно“ и го покажува „слободниот пад на градот во почитувањето на човековите права во изминатите две години“. ми/

Остани поврзан