• вторник, 19 ноември 2024

Уапсен полицаецот вклучен во задржувањето на починатиот Џорџ Флојд

Уапсен полицаецот вклучен во задржувањето на починатиот Џорџ Флојд
  Вашингтон, 29 мај 2020 (МИА) Полицаецот кој со колена го приклешти Афроамериканецот Џорџ Флојд, легнат и во лисици, по што задржаниот почина на место, е уапсен, јави денеска Си-ен-ен. Апсењето на полицаецот се случи пет денови по убиството на Флојд. Во последните 48 часа делови од јужен Минеаполис поминаа низ 48 часа анархија. Запалени се и вандализирани многу продавници и објекти, вчера беше запалена и полициската станица. Протестантите денеска на некои места употребуваа и молотови коктели, додека илјадници гневни граѓани дивееја, ограбуваа продавници и запалија повеќе автомобили и објекти во градот. На помош на полицијата во Минеаполис денеска дојде и Националната гарда на САД. По апсењето на полицаецот, Дерек Чавин, демонстрантите и граѓанските групи бараат задржување и на тројцата преостанати службеници кои го осигуруваа местото и не сторија ништо да се спречи убиството. Властите во Минеаполис изјавија дека судењето на Чавин ќе биде „брзо и праведно“. Задржувањето и убиството на невооружениот Афроамериканец Џорџ Флојд е документирано на камера. Луѓето кои снимаат протестираат полицаецот да го тргне коленото од вратот на легнатиот задржан, бидејќи овој може да се задуши. Во таква положба, со приклештен врат, полицаецот со едното колено го држи задржаниот повеќе од седум минути. Од снимката се гледа и слуша како Флојд, легнат на земја и со лисици на рацете, моли за помош и повторува дека не може да дише. Џорџ Флојд (46) после неколку миниту почина. Афроамериканската заедница во градот и насекаде низ САД е згрозена од ова однесување на полицијата. Денеска протести имаше и во други градови какo Њујорк, каде полицијата се судри толпа од над илјада луѓа на плоштадот Јунион. кб/ https://www.youtube.com/watch?v=fK9Trne_9DU&feature=emb_title

Остани поврзан