• сабота, 23 ноември 2024

Уапсен кримучар за вчерашната несреќа со чамец со мигранти кај грчкиот остров Самос

Уапсен кримучар за вчерашната несреќа со чамец со мигранти кај грчкиот остров Самос

Атина, 24 септември 2024 (МИА) – За несреќата со чамецот со мигранти што вчера се случи во морскиот дел северозападно од грчкиот остров Самос, во која животот го загубија четири лица, меѓу кои и едно дете, а беа спасени 30, уапсен е 21-годишен странски државјани, јави дописничката на МИА од Атина.

Од крајбрежната служба на Грција соопштија дека за потонатиот чамец биле информирани вчера наутро од граѓанин кој забележал луѓе во морето, по што започнала спасувачката акција, која продолжува и денеска со еден патролен брод, чамци што се во близина и патролно возило на копно.

Во текот на вчерашниот ден биле извлечени безживотните тела на три жени и едно дете, од море биле спасени пет лица, додека пак подоцна на копно било откриено уште 21 лице од конкретниот чамец, а меѓу нив и бремена жена која била пренесена во болница.

Преживеаните, на властите им посочиле 21-годишен странски државјанин за кој рекле дека управувал со чамецот што кон Грција тргнал од турското крајбрежје, по што и бил уапсен. ср/ссм/

Фото/ Видео: Крајбрежна служба на Грција

Остани поврзан