Уапсен Артан Груби
- Поранешниот прв вицепремиер и министер за односи меѓу заедниците Артан Груби утрово е приведен на граничниот премин Блаце.
Скопје, 23 февруари 2026 (МИА) - Поранешниот прв вицепремиер и министер за односи меѓу заедниците Артан Груби утрово е приведен на граничниот премин Блаце.
- Денеска (23.2.2026), во 6.10 часот, на граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл. 354 ст. 5 в.в. ст. 3 в.в ст. 1 в.в со чл. 22 од КЗ - соопшти Министерството за внатрешни работи.
Груби е осомничен за проневера во „Државната лотарија“, каде што заедно со Перпарим Бајрами е осомничен за криминал од осум милиони евра преку нарачка на ВЛТ-апарати. бак/нд/
Фото: МИА архива