• среда, 25 декември 2024

Уапсено 21 лице во Атина за насилни кражби на ланчиња од граѓани во јавниот превоз

Уапсено 21 лице во Атина за насилни кражби на ланчиња од граѓани во јавниот превоз

Атина, 5 ноември 2024 (МИА) – Грчката полиција разби група која со физичко насилство крадела ланчиња што луѓето ги носеле на врат, уапсено е 21 лице и расчистени се 129 случаи на кражби во Атина, меѓу кои, според медиумите во Грција и онаа на атинска плажа, кога непланирано беше пренесена во живо за време на линк на телевизијата „Скај“, јави дописничката на МИА од Атина.

Повозрасна жена остана без нејзиното ланче на атинска плажа откако во моментите кога се подготвуваше да влезе во море, непознато лице насилно и го извади од вратот и побегна, а сето тоа го сн

Од уапсените, 14 се малолетници, а во обвинението вклучени се и 48 други лица од кои 11 се во затвор.

Групата, кражбите најчесто ги вршела во јавниот превоз во Атина, пред сè во метрото и трамвајот, но и на централни плоштади.

Како што соопштија од грчката полиција, сторителите им приоѓале на жртвите и насилно со влечење или со физичко насилство им ги одземале ланчињата што го носеле на врат.

На почетокот на јуни, како што тогаш објави МИА, повозрасна жена остана без нејзиното ланче на атинска плажа откако во моментите кога се подготвуваше да влезе во море, непознато лице насилно и го извади од вратот и побегна, а сето тоа го сними грчката телевизија Скај за време на вклучувањето во живо за сосема друга тема.

Медиумите во Грција, денеска пишуваат дека меѓу уапсените е и лицето што ја ограби жената, но и дека уапсените на социјалните мрежи објавувале фотографии од нивниот плен. ср/сд/

Остани поврзан