• вторник, 24 декември 2024

Уапсени 66 приврзаници на поранешниот претседател на Боливија поради блокирање на патиштата

Уапсени 66 приврзаници на поранешниот претседател на Боливија поради блокирање на патиштата

Лa Пас, 2 ноември 2024 (МИА) - Боливиската полиција уапси 66 демонстранти, поддржувачи на поранешниот боливиски претседател Ево Моралес за блокирање патишта и загрозување на животите на припадниците на полицијата и армијата, објави боливискиот министер Едуардо дел Кастиљо.

Тој рече дека демонстрантите биле уапсени во петокот за време на полициска и воена операција за отстранување на блокадите што ги држеле приврзаниците на Моралес во централниот дел на земјата 19 дена.

Повеќе од 3.000 полицајци учествуваа во операцијата за деблокирање на главниот автопат со поддршка на армијата, а за време на конфликтот беа повредени 21 полицаец, изјави Дел Кастиљо. паг/

Фото: ЕПА

 

Остани поврзан