• недела, 24 ноември 2024

Уапсени 22 лица за дивоградби на четири грчки острови

Уапсени 22 лица за дивоградби на четири грчки острови

Атина, 2 мај 2023 (МИА) – Во рамките на контролите за борба со дивоградбите, грчката полиција во периодот од 29 април до 1 мај уапсила вкупно 22 лица на островите Миконос, Родос, Милос и Фолегандрос, јави дописничката на МИА од Атина. 

Како што соопштија од полицијата, против сторителите биле поднесени одвоени кривични пријави за незаконски градежни работи и вработување на нелегални странски државјани.

На островот Миконос биле уапсени лица кои бојадисувале дивоградби во рамките на хотелски бизнис, на Родос уапсените пренесувале градежен материјал во крајбрежен простор, а на Милос и Фолегандрос уапсените лица без дозвола вршеле градежни работи во објект во изградба. ср/сд/

Остани поврзан