• сабота, 23 ноември 2024

Уапсени 19 навивачи на Милан и Интер за изнуда и врска со мафијата

Уапсени 19 навивачи на Милан и Интер за изнуда и врска со мафијата

 

Рим, 30 септември 2024 (МИА) – Италијанската полиција уапси 19 навивачки ултраси поврзани со градските ривали Интер и Милан, од кои повеќето се осомничени за врски со мафијата Ндрангета.

Истрагата покажа дека некои од навивачките клубови се трансформирале во криминални банди, кои вршат измама со билети и рекетирање на тезги за пијалаци и паркиралишта околу стадионот Сан Сиро, кој го делат двата калчолигаши од Милано, укажаа италијанските истражителите.

Обвинителите, исто така, тврдат дека истрагата открила силна врска помеѓу мафијашките семејства и водачите на навивачките групи „Curva Sud“ и „Curva Nord“ на Сан Сиро.

Меѓу уапсените се водечките ултраси на „Северот“ Андреа Берета, кој веќе е во затвор за убиството на Антонио Белоко, усмртен со 20 убоди со нож на 4 септември, и Марко Фердико, како и „лидерите“ на „Југот“, Лука Лучи со неговиот брат Франческо.

„Ова е важна истрага бидејќи нè принудува да ги отвориме очите за ризиците од влијанието на мафијата на стадионите“, рече главниот национален обвинител за борба против мафијата и тероризмот, Џовани Мелиљо, на прес-конференција во Милано.

Со истрагата, исто така, е откриено дека „газдите“ на ривалските навивачки групи договориле пакт за „ненапаѓање“ за да го зголемат нивниот незаконски профит.

„Ако не го промениме начинот на кој функционираат овие работи, луѓето што ги апсиме ќе бидат заменети со други кои ќе ги извршат истите злосторства“, рекоа обвинителите. ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан