• недела, 24 ноември 2024

Уапсени 13 лица поради обид за киднапирање на гувернерката на Мичиген

Уапсени 13 лица поради обид за киднапирање на гувернерката на Мичиген
ФБИ претходно објави дека се уапсени шест лица. Според медиумите, шест лица се уапсени под федерални обвиненија, а останатите седум под обвиненија на сојузната држава Мичиген. Демократката Витмер е често критикувана од претседателот Доналд Трамп, особено поради настојувањето во својата држава да воведе строги мерки за социјална дистанца поради коронавирусот. Наводниот заговор подразбирал ангажирање на милитантна група, се наведува во дадениот писмен исказ под заклетва на специјалниот агент Ричард Траск. Во писмената изјава Траск рече дека групата планира да го искористи времето пред последната вежба за набавка на пари за експлозив и други материјали. Според јавниот обвинител на Мичиген, Дан Несел, „напорите резултирале со откривање на планови за загрозување на животите на полицајци, владини службеници и пошироката јавност“. На шестмината претходно уапсени, доколку бидат осудени за обид за киднапирање, им се заканува доживотен затвор. Еден од осомничените Адам Фокс минатиот месец во шифриран разговор изјавил дека „не сака последниот тренинг да се одржи во последната недела од октомври, бидејќи нема да имаат доволно време да го извршат киднапирањето пред изборите на 3 ноември“. гт/

Остани поврзан