Уапсени четворица криумчари на мигранти за вчерашните несреќи во близина на грчкиот остров Гавдос
- За вчерашните три одвоени случаи со чамци со мигранти во морскиот дел во близина на грчкиот остров Гавдос за кои беа спроведени спасувачки акции и спасени над 175 мигранти, но и загинаа пет лица, уапсени се вкупно четворица криумчари, јави дописничката на МИА од Атина.
Атина, 15 декември 2024 (МИА) – За вчерашните три одвоени случаи со чамци со мигранти во морскиот дел во близина на грчкиот остров Гавдос за кои беа спроведени спасувачки акции и спасени над 175 мигранти, но и загинаа пет лица, уапсени се вкупно четворица криумчари, јави дописничката на МИА од Атина.
Од крајбрежната служба на Грција соопштија дека за чамецот што се преврти, а на кој се пренесувал непознат број на мигранти, уапсен е 19-годишен државјанин на Судан за кој спасените 39 лица, рекле дека е криумчар, а тргнале од Либија кон Грција.
Во конкретната несреќа животот го загубија пет лица, а четворица се хоспитализирани, додека пак се уште не е познат точниот број на исчезнати.
Во останатите два одвоени случаи кога беа спасени 47 и 89 бегалци и мигранти, меѓу спасените биле и криумчарите и уапсени се вкупно три лица. ср/