• вторник, 24 декември 2024

ТХП: Изборите се празник за демократијата, ги охрабруваме граѓани на 24 април да го користат своето граѓанско право

ТХП: Изборите се празник за демократијата, ги охрабруваме граѓани на 24 април да го користат своето граѓанско право

Скопје, 14 април 2024

Изборите се празник за демократијата, затоа ги охрабруваме сите граѓани на 24-ти април да го користат своето граѓанско право и да придонесат за демократската иднина на нашата земја.

Партијата за движење на Турците - ТХП смета дека секој глас е вреден и не смее да се дозволи да се тргува со добронамерната волја на граѓаните. Затоа повикуваме уште во првиот круг да се поддржи кандидат кој ќе победи на изборите и вистински државник кој е прифатлив за сите граѓани. А несомнено тоа е Стево Пендаровски кој во изминатите години докажа дека е претседател на сите граѓани без разлика на етнички, религиозни, политички и социјални разлики.

Убедени сме дека на 24-ти април со силната поддршка на Пендаровски ќе ја зајакнеме довербата кон мултиетничкиот и мултикултурниот карактер на нашата земја. Не се сомневаме дека турската заедница повторно масовно ќе се одважи и ќе даде поддршка за европската иднина на нашата земја.

Партијата за движење на Турците - ТХП

______________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото Партијата за движење на Турците - ТХП

 

 

Остани поврзан