• среда, 25 декември 2024

ТХП: Буџетот за 2025 ги изоставува населените места каде доминираат припадници на турската заедница

ТХП:  Буџетот за 2025 ги изоставува населените места каде доминираат припадници на турската заедница

Скопје, 11 декември 2024 


Намерно или не, загрижувачки е што рекордно големиот буџет за 2025 година ги изоставува населените места каде што доминираат припадници на турската заедница. За овие граѓани речиси и да не се предвидени проекти кои би можеле да го подобрат квалитетот на нивниот живот.

Дополнителен доказ за игнорантскиот однос на владата кон помалубројните етнички заедници е и значителното намалување на буџетот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците (АОПЗ). Средствата за поддршка на невладините организации, кои досега изнесуваа 3 милиони денари, се намалени на симболични 100.000 денари. Со ова, единствениот извор на финансиска поддршка за невладините организации на помалубројните етнички заедници практично е укинат.

Припадниците на заедниците не заслужуваат вакво понижување и свесна маргинализација!

Партија за движење на Турците -ТХП 

________________________________________________________________________________________ 

 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: ТХП 

 

 

Остани поврзан