ТФТ го победи Гостивар за потврда на првото место
- Екипата на ТФТ го победи Гостивар на гостински терен со 93:83 во денешниот натпревар од 10. коло на кошаркарската Супер лига.
Скопје, 13 декември 2025 (МИА) – Екипата на ТФТ го победи Гостивар на гостински терен со 93:83 во денешниот натпревар од 10. коло на кошаркарската Супер лига.
Со оваа победа тимот од скопско Тафталиџе го потврди првото место на табелата.
Гостинска победа забележа и Гостивар во Кавадарци против Тиквеш со 99:76.
Вечерва играат Чаир и Ангели.
Двојки за утре:
Маџари – Феникс
Работнички – МЗТ Скопје Аеродром
Кожув – Куманово.
ТФТ е лидер на табелата со 19 бода, пред Пелистер со 17. зс/
Фото: КФСМ