• недела, 24 ноември 2024

ТФТ го врати во своите редови Лахланд Андерсон

ТФТ го врати во своите редови Лахланд Андерсон
Скопје, 2 септември 2022 (МИА) – Австралискиот кошаркар Лахланд Андерсон повторно ќе го носи дресот на македонскиот прволигаш ТФТ откако денеска договори соработка со скопскиот клуб за кој настапуваше во сезоната 2020/21. Андерсон имаше забележителна сезона во дресот на ТФТ со просек од 17.2 поени по натпревар по што замина во литванското првенство. Австралискиот крилен центар во дресот на ТФТ оваа сезона, покрај настапите во домашното првенство, го очекуваат и натпревари во регионалната АБА 2 лига, а претходно овој месец клубот од скопската населба Тафталиџе ќе биде домаќин на квалификациската група во ФИБА Лигата на шампиони во која се и Лестер Рајдерс од Велика Британија, романски Волунтари и Најнерс Кемниц од Германија. ег/дма/

Остани поврзан