• четврток, 26 декември 2024

Тухел: Судијата ја виде играта со рака, но одбил да досуди пенал за нас

Тухел: Судијата ја виде играта со рака, но одбил да досуди пенал за нас

Лондон, 10 април 2024 (МИА) - Тренерот на Баерн, Томас Тухел, на прес-конференција по првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите синоќа со Арсенал (2:2) изјави дека судијата Глен Ниберг видел кршење на правилата од страна на играчите на лондонскиот тим, но не го казни со пенал.

- Направи голема грешка што не досуди пенал. Разбирам, ова е глупава ситуација. Но, такви се правилата. Ја внесоа топката во игра и тогаш дефанзивецот ја зеде топката во свои раце. Но, она што најмногу не налути е објаснување на судијата. Тој им порача на нашите играчи дека тоа е „детска грешка“ и дека никогаш нема да досуди пенал за ова, посебно не во четвртфинале. Ова е страшно, страшно објаснување. Затоа што испаѓа дека играта со рака ја дели на детска грешка, грешка на возрасен итн. Ние сме многу несреќни затоа што е направена голема грешка против нас, изјави Тухел.

Во 67. минута од натпреварот Арсенал - Баерн, гостинските фудбалери залудно бараа да се досуди пенал во нивна полза - шведскиот судија не го казни англискиот тим. По судискиот свиреж, голманот на Арсенал, Давид Раја, ја уфрли топката во игра додавајќи му на дефанзивецот Габриел. После тоа Габриел ја зеде топката во раце, ја помести во голманскиот простор и тој повторно ја внесе во игра.

Фудбалерите на Баерн веднаш почнаа да реагираат до судијата барајќи удар од белата точка, но залудно. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан