• недела, 01 септември 2024

Тухел со коментар за можниот трансфер на Жоржињо ПСЖ

Тухел со коментар за можниот трансфер на Жоржињо ПСЖ
Париз, 29 септември 2020 (МИА) – Тренерот на Пари Сен-Жермен, Томас Тухел не ја негираше можноста за трансфер на фудбалерот на Челзи, Жоржињо. Кога Германецот го прашаа за ова во етерот на една француска телевизија, тој мистериозно се насмевна.
  • Не можам да кажам ништо. Но ... убав обид, рече Тухел.
ПСЖ оваа сезона ја брани титулата во Лига 1 и има амбиција конечно да ја освои Лигата на шампионите. зс/

Остани поврзан