• четврток, 26 декември 2024

Тухел се здобил со скршеница на стапалото на тренинг

Тухел се здобил со скршеница на стапалото на тренинг
Париз, 7 август 2020 (МИА) – Тренерот на Пари Сен-Жермен, Томас Тухел, се повреди на еден од тренинзите на тимот. Германецот денес се здобил со скршеница на левиот глужд, поточно на метатарзална коска на петицата, објави прес-службата на ПСЖ. Тимот продолжува да се бори во Лигата на шампионите. На 12 август ПСЖ ќе игра против Аталанта во четвртфиналето на елитното натпреварување. Средбата ќе се одржи на неутрален терен во Лисабон, Португалија. зс/

Остани поврзан