• сабота, 23 ноември 2024

Тухел: Баерн ќе се бореше за титулата ако играше во Премиер лигата

Тухел: Баерн ќе се бореше за титулата ако играше во Премиер лигата

Минхен, 25 март 2023 (МИА) - Новиот тренер на Баерн, Томас Тухел, е уверен дека клубот би бил во игра за титулата во Премиер лигата.

 

- Премиер лигата на Англија е исклучително силен турнир, тоа е најголемиот предизвик во Европа. Но, Баерн ќе се бореше за титулата во Премиер лигата благодарение на широчината и длабочината на тимот. Секако, го знам составот на Баерн, продолжив да гледам фудбал, бидејќи тоа ми го подобрува денот. Ова ми стана навика. Мора да почекате и да бидете трпеливи. Во вторникот првпат почнав да размислувам за составот на Баерн. Во Англија или во Париз, Баерн има исклучително високо мислење. Никој не сака да игра против Баерн. Статусот и моќта на клубот се непобитни“, изјави Тухел, за клупската веб-страница на Баварците.

 

На 24 март Баерн го објави за тренерска смена. На местото на Јулијан Нагелсман дојде Тухел.

Баерн е втор во Бундеслигата со 52 бода од 25 натпревари. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан