• среда, 25 декември 2024

Туск: Утрешната посета на Сунак и Столтенберг е со цел зајакнување на безбедносната позиција на Полска

Туск: Утрешната посета на Сунак и Столтенберг е со цел зајакнување на безбедносната позиција на Полска

Варшава, 22 април 2024 (МИА) - Утрешната посета на британскиот премиер Риши Сунак и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг е дел од планот на Полска да ја прошири својата позиција на полето на безбедноста во Европа, изјави денеска полскиот премиер Доналд Туск.

„Утрешната посета на британскиот премиер и генералниот секретар на НАТО [...] е продолжение на мојата мисија за обновување и проширување на позициите на Полска во безбедносната политика“, изјави Туск.

- Безбедноста на Полска е во центарот на моето внимание. Ние сме на вистинскиот пат. Никогаш досега не сум имал толку позитивен впечаток дека луѓето во Европа го слушаат гласот на Полска, истакна премиерот на Полска.

Проевропската влада на Туск, која е на власт од декември, вети дека ќе ја подобри позицијата на Полска во ЕУ и нејзините односи со западните земји по завршувањето на осумгодишното националистичко владеење. ссм/

фото: архива

Остани поврзан