Туск: Се работи на ограничување на движењето на бродови низ Балтичкото Море во водите кои не припаѓаат на ниту една земја
- Полскиот премиер Доналд Туск вчера изјави дека ќе соработува со сојузниците на воведување правни мерки за да се запре движењето на бродовите низ Балтичкото Море во водите кои не припаѓаат на ниту една земја.
Варшава, 14 јануари 2025 (МИА) - Полскиот премиер Доналд Туск вчера изјави дека ќе соработува со сојузниците на воведување правни мерки за да се запре движењето на бродовите низ Балтичкото Море во водите кои не припаѓаат на ниту една земја.
Земјите-членки на НАТО најавија дека ќе распоредат фрегати, патролни авиони и поморски беспилотни летала во регионот за да помогнат во заштитата на критичната инфраструктура и да го задржат правото да преземат акција против бродовите за кои постои сомневање дека претставуваат закана за безбедноста.
Во меѓувреме, Туск, исто така, негираше дека добил информации поврзани со информации што се појавија претходно во текот на денот во полските медиуми дека брод од руската „флота во сенка“ кружи по подводен гасовод во Балтичкото Море.
Портпаролите на министерството и армијата негираа дека добиле такви пораки. мс/
фото: МИА архива