• среда, 25 декември 2024

Туск: Полска ќе одвои 5,3 милијарди евра за санација на штетите од поплавите

Туск: Полска ќе одвои 5,3 милијарди евра за санација на штетите од поплавите

Варшава, 24 септември 2024 (МИА) - Полскиот премиер Доналд Туск денеска изјави дека Полска ќе одвои до 5,3 милијарди евра за санација на штетите од поплавите, од кои дел се обезбедени од Европската Унија.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, претходно соопшти дека ќе бидат доделени 10 милијарди евра од фондовите на ЕУ за помош и санација на штетите предизвикани од поплавите во земјите-членки на ЕУ. Од таа сума, Полска ќе добие околу пет милијарди евра, изјави таа.

Фон дер Лајен додаде дека средствата од Фондот за солидарност на ЕУ, кој им помага на членките погодени од природни катастрофи, ќе се искористат за обнова на инфраструктурата.

Министерот за финансии, Анджеј Домански, рече дека 468 милиони евра ќе бидат издвоени од буџетот за санација од поплавите. Министерката за фондови и регионален развој, Катаржина Пелчинска-Налеч, дополни дека 350 милиони евра од постоечките полски ЕУ фондови ќе бидат пренасочени за реконструкција, а уште потенцијални 820 милиони евра ќе бидат пренасочени за изградба на ѕидови, резервоари и брани. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан