• среда, 25 декември 2024

Туск: Мировните преговори за Украина би можеле да започнат уште оваа зима

Туск: Мировните преговори за Украина би можеле да започнат уште оваа зима

Варшава, 10 декември 2024 (МИА) - Мировните преговори за Украина би можеле да започнат уште оваа зима, изјави денеска полскиот премиер Доналд Туск, чија земја од 1 јануари ќе претседава со Европската унија.

Туск, сојузник на соседна Украина, најави дека во текот на денот ќе разговара со украинскиот претседател Володимир Зеленски и дека в четврток во Полска ќе го пречека францускиот претседател Емануел Макрон.

-Нашето претседателство ќе биде одговорно, меѓу другото, за тоа каков ќе биде политичкиот пејзаж, каква ќе биде ситуацијата за време на (мировните) преговори, кои, иако сè уште се под знак прашалник, би можеле да започнат зимава, рече Туск.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан