• сабота, 28 декември 2024

Туск: Да се создаде патролна мисија на Балтикот слична на воздушната полиција

Туск: Да се создаде патролна мисија на Балтикот слична на воздушната полиција

Варшава, 27 ноември 2024 (МИА) – Полскиот премиер Доналд Туск предложи да се формира патролна мисија наречена Поморска полиција на Балтикот, пренесува „РИА Новости“.

Туск потсети на воздушната полиција во која учествуваат полски ловци.

- Ќе ги убедам нашите партнери дека е неопходно веднаш да се создаде слична формула ако зборуваме за контрола и заштита на балтичките води, рече тој.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова претходно изјави дека Балтичкото Море нема да се претвори во „внатрешно водно тело“ на НАТО, и покрај желбите на Западот. јт/

Фото: Гугл мапи

Остани поврзан