• среда, 25 декември 2024

Турција ја преполови набавката на руска нафта поради ремонт на рафинерија во Измир

Турција ја преполови набавката на руска нафта поради ремонт на рафинерија во Измир

Анкара, 24 септември 2024 (МИА) - Турција ја намали набавката на руска нафта за 50 отсто поради ремонт на рафинеријата СТАР во близина на градот Измир, според податоци објавени од аналитичката агенција Клер.

Турскиот увоз на нафта од Русија во август изнесувал нешто помалку од 200.000 барели дневно, додека на почетокот на летото, месечната количина се движела меѓу 400.000 и 450.000 барели дневно, пренесува „Комерсант“.

Планираниот ремонт на рафинеријата во Измир започна на 5 септември и ќе трае околу два месеца, што значи дека набавките почнале да опаѓаат уште пред да запре производството, изјави Виктор Катона од Клер. Тој додаде дека ситуацијата не е критична за руските добавувачи, бидејќи тие веројатно ќе ги пренасочат нафтените текови кон азиските пазари, особено во Индија.

На почетокот на септември, руските приходи од извоз на нафта паднаа на најниско ниво од февруари, пренесува „Блумберг“, повикувајќи се на податоците од агенцијата „Аргус“ за цените на руската нафта.

Според информациите, цената на руската нафта Урал во првата недела од септември паднала за 30 отсто на приближно 60 долари за барел. ссм/

фото: архива

Остани поврзан