• среда, 18 декември 2024

Турција: Силниот дожд предизвика поплави во Мармарис

Турција: Силниот дожд предизвика поплави во Мармарис

Анкара, 9 декември 2024 (МИА) - Силни врнежи предизвикаа поплави во популарниот турски туристички центар Мармарис (област Мугла), јавува телевизијата Си-Ен-Ен Турк.

Дождот непрекинато паѓа од вчера, што резултираше со значително отежнат сообраќај. Многу улици се претворија во реки. Во населбите Турунч и Ичмелер се забележани свлечишта, а има и паднати дрвја.

Патот меѓу овие населби беше затворен за сообраќај одредено време. Големи карпи се урнале и на патот Мармарис–Ментеш. Општинските екипи работат на отстранување на водата од поплавените зони.

Калта што се слива од високите делови го обои морето во кафена боја. ссм/

фото: Икс принт скрин

Остани поврзан