Турција привремено го прекина извозот на лимон
- Турција привремено го прекинува извозот на лимони почнувајќи од денеска поради студеното време што ги зафати регионите во земјата каде што се одгледуваат цитрус, соопшти турското Министерство за земјоделство и шумарство.

Анкара, 8 април 2025 (МИА) - Турција привремено го прекинува извозот на лимони почнувајќи од денеска поради студеното време што ги зафати регионите во земјата каде што се одгледуваат цитрус, соопшти турското Министерство за земјоделство и шумарство.
-Како резултат на студиите спроведени од Министерството во врска со студеното време и смрзнатини на растенијата во градовите Адана, Мерсин и Хатај, беше утврдено дека би било корисно да се преземат неопходните мерки, се вели во соопштението на Министерството во кое се најавува привремена суспензија на извозот на лимон.
Министерството нагласува дека мерката е изречена со цел да се одржи рамнотежата на цените на турските пазари и да се спречат шпекулациите со цените на производите. Од министерството наведуваат дека будно ја следат состојбата и се подготвени да воведат дополнителни мерки доколку има потреба.
Според податоците на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО), Турција е рангирана на четвртото место во светот во однос на растот на извозот на лимон, со 2021 година. Земјата извезла над 550.000 тони лимони, генерирајќи над 180 милиони долари. мс/
фото: Пиксабеј