Турција планира да спроведе над 60 научно-истражувачки мисии на Месечината во следната деценија
- Турција планира да спроведе над 60 научно-истражувачки мисии на Месечината во следната деценија, како дел од напорите за зајакнување на позицијата на земјата во меѓународните истражувања на Месечината.

Анкара, 9 април 2025 (МИА) - Турција планира да спроведе над 60 научно-истражувачки мисии на Месечината во следната деценија, како дел од напорите за зајакнување на позицијата на земјата во меѓународните истражувања на Месечината.
Турската вселенска програма планира да ја спроведе првата мисија на Месечината во 2028 година, а за таа цел планира да користи вселенско летало развиено и произведено од турски научници и инженери. Целта на лунарните мисии ќе биде да се истражуваат извори на вода на Месечината, да се опише површината на Месечината и да се развијат прецизни инструменти за мерење на радијацијата.
Со извршувањето на своите мисии на Месечината, турската вселенска програма има за цел да учествува во развојот на таканаречената „месечева економија“, која брзо се развива благодарение на програмите на НАСА и други компании за истражување на Месечината.
„Месечевата економија“ вклучува инвестиции во областа на истражување на Месечината, воспоставување на постојано човечко присуство таму, како и транспорт на луѓе меѓу Земјата и нејзиниот единствен природен сателит. рп/
Фото: МИА архива