• сабота, 23 ноември 2024

Турција отвора уште два гранични премини кон Сирија

Турција отвора уште два гранични премини кон Сирија

Анкара, 8 февруари 2023 (МИА) – Турција работи на отворање на уште два гранични премини со Сирија за да се овозможи проток на хуманитарна помош во соседната земја, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Тој рече дека оштетувањето на сириската страна од патот што води до граничниот премин, кој е отворен исклучиво за хуманитарна помош како дел од одобрението од Советот за безбедност на Обединетите нации, предизвикува тешкотии.

- Има одредени проблеми во однос на помошта на Турција и меѓународната заедница. Поради тоа, се прават напори да се отворат уште два гранични премини, информира Чавушоглу. јт/

Остани поврзан