• среда, 25 декември 2024

Турција му забранила влез во Измир на грчки префект, кој требало да преседава со Евро- медитеранско собрание

Турција му забранила влез во Измир на грчки префект, кој требало да преседава со Евро- медитеранско собрание
Атина, 6 ноември 2022 (МИА) – Турските власти вчера му забраниле влезе во земјата на префектот на грчката област централна Македонија Апостолос Ѕиѕикостас и претседател на Европскиот комитет на региони, откако со траект од Солун пристигнал во Измир, каде што требало да претседава со Евро- медитеранско собрание, а за целиот случај реагираше и Министерството за надворешни работи на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчките медиуми, по пристигнувањето во Измир, Ѕиѕикостас останал неколку часа на пристаништето и не му бил дозволен влез, му рекле дека постои забрана, но без притоа да му биде објаснета причината. Од грчкото МНР го осудија „неприфатливото и целосно неоправдано задржување“ и забраната за влез на Ѕиѕикостас, додадоа дека очекуваат надлежните турски власти да дадат објаснувања и ги повикаа „да ги преземат неопходните мерки за да се спречат слични инциденти во иднина“. Паралелно, грчката амбасада во Анкара и генералниот конзулат во Измир презеле соодветни чекори до турското Министерство за надворешни работи. Префектот Ѕиѕикостас, преку Твитер соопшти дека „по активностите од ЕУ и од грчката страна“, турската Влада одлучила да ја укине забраната за негов влез во Турција, но сепак, лично тој одлучил да се врати во Грција. Поради случајот со префектот, градоначалникот на Атина Костас Бакојанис го откажа неговото учество на со Евро- медитеранско собрание во Измир. ср/ссм/

Остани поврзан