• недела, 24 ноември 2024

Турција добива пристап до Програмата „Дигитална Европа“

Турција добива пристап до Програмата „Дигитална Европа“

Брисел, 3 септември 2023 (МИА) - Европската комисија и Турција склучија договор со кој на турската јавна админинстрација, компании и други организации ќе им се овозможи учество во проекти на Програмата „Дигитална Европа“ (ДЕП), чиј вкупен буџет за периодот 2021 – 2027 година изнесува 7,5 милијарди евра.

Како што соопшти Еврокомисијата, субјектите од Турција ќе можат да учествуваат во проекти за воведување на дигитални технологии ширум ЕУ во одредени области, како што се вештачката интелигенција и напредните дигитални вештини, како и да основаат центри за дигитални иновации во својата земја.

- Со овој договор, Европската Унија и Турција ќе ги зајакнат своите силни врски на полето на дигиталните технологии, со што се содаваат можности за поврзување на турските потенцијали и средства со секторите опфатени со Програмата „Дигитална Европа’, вклучително и на полето на вештачката интелегенција, посочува ЕК.

Комисијата, исто така, изразува надеж дека овој договор ќе продонесе за поблиски врски меѓу економиите и општествата на Турција и ЕУ и дека ќе ја поттикне турската страна на поголема соработка во развој на технолошки капацитети на Унијата и во поддршка на дигитализацијата, пред се на малите и средни претпријатија.

- Средствата од Програмата „Дигитална Европа“ само ќе го надополнат финансирањето што и е на располагање на Турција преку други програми на ЕУ, се додава во соопштението. сп/

Фото: Дигитална Европа

Остани поврзан