• среда, 25 декември 2024

Турција го ограничи извозот на стоки во Израел

Турција го ограничи извозот на стоки во Израел

Анкара, 9 април 2024 (МИА) – Турција денеска го ограничи извозот на стоки во Израел како одговор на војната во Газа, соопшти турското Министерство за трговија информирајќи дека ограничувањето се однесува на производите од челик, железо и алуминиум.

- Оваа одлука ќе остане во сила додека Израел не прогласи итен прекин на огнот и не дозволи испорака на хуманитарна помош во Газа, се вели во соопштението на Министерството.

Анкара вчера соопшти дека Израел го блокирал барањето на Турција за транспорт на хуманитарна помош во Газа.

- Нема никакво оправдување за Израел да го блокира нашиот обид да испратиме помош со падобран за гладните жители на Газа, изјави турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан.

- Одлучивме да преземеме серија нови мерки против Израел, додаде тој.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја осуди израелската војна против Хамас во Појасот Газа и постојано го нарекува Израел „терористичка држава“. јт/

Остани поврзан