• четврток, 26 декември 2024

Турција го лансираше својот прв комуникациски сателит „Турксат 6-А“

Турција го лансираше својот прв комуникациски сателит „Турксат 6-А“

Анкара, 9 јyли 2024 (МИА) - Турција утрово го лансираше својот прв комуникациски сателит од домашно производство „Турксат 6-А“ во орбитата. Користена е ракета „Спејс-Икс фалкон 9“ којашто полета од станицата на вселенските сили „Кејп Канаверал“ на Флорида (САД), јави Агенцијата Анадолија.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека лансирањето на сателитот го означува почетокот на „новата фаза“ за Турција во производството на сателити.

- Ние (Турција) произведовме повеќе од 81 отсто од потсистемите, сателитските копнени станици и софтверот во проектот „6-А“, што е од големо значење за иднината на нашата земја во Вселената, посочи тој.

Турскиот министер за транспорт и инфраструктура, Абдулкадир Уралоглу рече дека првиот сигнал од сателитот бил примен 67 минути по лансирањето. Тој додаде дека „Турксат 6-А“ е резултат на 10-годишниот напор за изградба на домашен сателит, нагласувајќи дека Турција станала една од 11-те земји што го направиле тоа.  си/ссм/

Фото: МИА архива

Остани поврзан